За нас

Радио „Безистен“ започнува со својата експериментална онлајн програма, која има за цел да ги запознае битолчани со новото радио, кое ќе се обиде да се претстави како градско радио и да придобие свои слушатели од земјава и дијаспората. На почетокот ќе емитуваме претежно музички содржини, додека во следните фази ќе функционира со своја програма која ќе опфаќа музички и тематски емисии, новости, дебати, интервјуа, презентации, реклами, контактни програми и др. Се надеваме дека ќе го добиеме вниманието од слушателите и ќе го пополниме скромниот медиумски простор во градот.

Екипата ја сочинуваат ентузијасти кој веќе подолго време го реализираат градскиот портал bezisten.mk

p.s. Стартуваме во корона период , што дополнително не мотивира да им ги направиме полесни и поубави часовите во изолација на нашите сограѓани.









Пратете ни порака

Ги очекуваме вашите прашања, предлози, сугести, мислења, критики во нашата пошта : radio@bezisten.mk